Израел го затвора радиото „Гласот на Палестина“ во Источен Ал-Кудс

by Administrator

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во понеделникот нареди затворање на канцеларијата на радио станицата Гласот на Палестина во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и Израел.

Во соопштението од кабинетот на Бен-Гвир, радио станицата е обвинета за поттикнување против Израел.

– Нема да прифатам и нема да дозволиме поттикнување и поддршка на тероризмот и терористите, ниту од палестинската управа ниту од кое било друго тело – изјави Бен-Гвир.

Според известувачот на Анадолија, израелската полиција повикала одреден број вработени во радиостаницата на сослушување.

Во 2019 година, Израел ја затвори канцеларијата на официјалната палестинска телевизија во Источен Ал-Кудс поради наводно поттикнување против Израел.

реклама
Низ целиот окупиран Западен Брег, тензиите се зголемија во последните месеци поради честите израелски напади врз палестинските градови.

Според палестинските податоци, од почетокот на годинава во израелски оган загинале околу 90 Палестинци. Во истиот период беа убиени и 15 Израелци.

You may also like