Франција: Вандали уништија џамија која требаше да ги отвори вратите за време на Рамазан

by Administrator

Џамијата која овој Рамазан требаше да ги отвори вратите за молитва во градот Ватињи, на северот на Франција, е значително оштетена од непознати лица.

Џамијата, која е изградена како дел од фондацијата „Ел Емел“, била нападната во текот на викендот од неидентификувано лице или група на лица, објавија националните медиуми.

Како резултат на нападот, внатрешноста на џамијата, вклучувајќи ги и таваните, станала неупотреблива, а се покажало дека сторителите претходно ја преселе електричната инсталација во зградата за да го оневозможат вклучувањето на алармот и камерата.

И покрај уништувањето, ништо не е украдено од џамијата, која се подготвувала да ги отвори вратите за молитва за време на Рамазан, а покрената е истрага за нападот.

Градоначалникот на Ватињи, Ален Плус, рече дека верува оти нападот бил исламофобичен чин.

Претставниците на фондацијата изјавија и дека начинот на кој е извршен нападот покажува дека тој бил планиран.

– Силно го осудувам овој исламофобичен вандализам во Ватињи, кој ги премина границите на толеранцијата – напиша на својот Твитер францускиот претставник Дејвид Гиро.

You may also like