Обединетото Кралство во понеделникот објави дека на данскиот екстремно десничар Расмус Палудан ќе му биде одбиен влез во ОК за да го изврши провокативниот чин на палење на примерок од муслиманската света книга Куранот.
Министерот за безбедност Том Тугендхат, одговарајќи на прашање на пратеникот Сајмон Лајтвуд, рече дека на Палудан нема да му биде дозволено да влезе во земјата за да го запали Куранот.
– Данскиот политичар, екстремно десничарскиот исламофоб Расмус Палудан, рече дека ќе отпатува од Данска до Вејкфилд со единствена цел да го запали Куранот на јавно место – рече Лајтвуд поставувајќи прашање во Долниот дом.
Тој потсети дека Палудан претходно бил во затвор во Данска поради неговите изјави за омраза и расизам.
– Тој е опасен човек кој не треба да се дозволи во оваа земја. „Може ли министерот да ме увери мене и мојата заедница дека владата презема мерки за да го спречи ова“, прашал Лајтвуд.
Тугендхат рече дека на Палудан нема да му биде дозволен влез, наведувајќи дека тоа нема да му служи на јавното добро.
Палудан објави на социјалните мрежи за време на викендот дека ќе отпатува во англискиот град Вејкфилд за да запали копија од Куранот на првиот ден од светиот месец Рамазан.
На 21 јануари оваа година, екстремно десничарскиот данско-шведски политичар Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Шведска за време на програмата одобрена од полицијата.
Неколку дена подоцна истото го направи и пред џамија во Данска, а неговите провокативни потези беа осудени од Турција и пошироката муслиманска јавност.










