Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди градот Хој во иранската провинција Западен Азербејџан.
Според Националниот сеизмолошки центар на Иран, земјотресот со јачина од пет степени по Рихтер, чиј епицентар бил во градот Хој, кој се наоѓа во близина на турската граница, е регистриран во 15 часот и 17 минути по локално време.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 16 километри.
Како што пренесуваат иранските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во градовите Орумије и Табриз.
Хамид Махбуби, директор на Црвената полумесечина во провинцијата Западен Азербејџан, изјави дека нивните екипи се испратени во Хој по земјотресот и дека подоцна ќе дадат изјава за евентуални човечки жртви и материјална штета.
Во градот Хој, кој се наоѓа на северозападот на земјата, на 28 јануари е регистриран земјотрес со јачина од 5,8 степени во кој загинаа три лица, а 1.167 се повредени.









