Израелската армија уби тројца Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолија.
– Три лица се убиени од израелската војска во Џенин – соопшти Министерството.
Очевидци изјавија за Анадолија дека израелските сили извршиле рација во градот Џенин и отвориле оган врз двајца Палестинци.
Тензиите се зголемија низ окупираниот Западен Брег во последните недели поради израелските напади врз палестинските градови.








