Англискиот премиерлигаш Челзи ќе организира отворен ифтар на својот стадион „Стемфорд Бриџ“ на 26 март, неколку дена по почетокот на Рамазан.

Така, Челзи ќе стане првиот клуб од Премиер лигата на чиј стадион ќе биде организиран ифтар.

– Во недела, на 26 март, Фондацијата Челзи ќе приреди отворен ифтар покрај теренот на Стемфорд Бриџ, што ќе биде првпат за клубот и стадион во Премиер лигата – се вели во соопштението на лондонскиот клуб.