Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва повторно го совладаа Пари Сен Жермен и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Во реваншот од осминафиналето Баварците ја одбранија предноста од 1:0 од првиот меч на „Паркот на принцот“, а овојпат успеаја да остварат победа од 2:0 на домашен терен.
Стрелци на головите вечерва беа Чупо-Мотинг и Серж Гнабри, а на крајот Баерн помина убедливо.
Првата голема шанса на игра ја имаше Џамал Мусиала, кој шутираше од одлична позиција во 31. минута, а Донарума некако го одбрани.
Седум минути подоцна ПСЖ имаше колосална можност. Хакими потоа го принуди Зомер на грешка, топката дојде до Витиња кој шутираше на празен гол, а во последен момент Баварците беа одбранети од Де Лигт. Со максимални напори ја исфрли топката од гол линијата!
Мрежата првпат се затресе во 52. минута, кога Чупо Мотинг погоди по центаршут од левата страна, но тој гол подоцна беше поништен поради офсајд.
ВАР не можеше да ги спаси парижаните девет минути подоцна. Во 61. минута одбраната на ПСЖ погреши, Чупо-Мотинг дојде до топката и погоди за 1:0.
ПСЖ можеше брзо да се врати во мечот преку Рамос, кој одлично шутираше со глава, но Зомер со чудесна одбрана ја сопре топката.
Точка на натпреварот става Серж Гнабри со гол за 2:0, кој погодува на асистенција на Кансело. Баварците се пласираа во четвртфиналето со вкупен резултат 2:0. Заврши сезоната во Лигата на шампионите за ПСЖ!
ЛШ, осминафинале:
Баерн – ПСЖ 2:0 (Чупо-Мотинг 61′, Гнабри 90′) вкупно 3:0
Баерн: Зомер, Дејвис, Де Лигт, Упамекано, Станишиќ, Кимих, Горецка, Мусиала, Мулер, Коман, Чупо-Мотинг.










