Шесткатна зграда се урна во турскиот град Шанлиурфи, а спасувачките екипи се испратени во областа, јавува Анадолија.
Зграда во областа Халилије, која исто така беше погодена од земјотресот на 6 февруари, денеска целосно се урна.
На локацијата билеиспратени припадници на Управата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД), противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносни сили.
Продолжува потрагата и спасувањето од урнатините, под кои има повредени.
Гувернерот на Шанлиурфа, Салих Ајхан, изјави дека едно лице е пренесено во болница по уривањето на зградата.
– Се претпоставува дека во зградата има едно лице. Едно лице е пренесено во болница со повреди и неговиот живот не е во животна опасност – изјави Ајхан.
Гувернерот Салих Ајхан, градоначалникот Зејнел Абидин Бејазгул и други локални претставници ја посетија областа.
Претставникот на Шанлиурфа Азиз Ајдинлик изјави дека зградата е веќе затворена, па во неа нема луѓе.
Извор:Фактор








