Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поканил претседателот на Украина Володимир Зеленски да учествува на самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули во Вилнус.
– Го поканив претседателот Зеленски да присуствува на самитот на НАТО во Вилнус.
Цврсто верувам дека тоа ќе биде силен знак на нашата солидарност, поддршката што сојузниците ја имаат за Украина и се надевам дека Зеленски ќе може да присуствува – рече Столтенберг.
Тој посочи дека тоа ќе зависи од ситуацијата во Украина, која се уште е во војна.
(Vijesti.ba / Аваз)








