Над дваесет нови земји сакаат да се приклучат на групата БРИКС и Шангајската организација за соработка (ШСО), изјави во понеделник рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Бројот на земји кои сакаат да се приклучат на БРИКС и Шангајската организација за соработка драстично се зголеми во последните две години, вклучувајќи ја и првата година од специјалната воена операција. Во моментов бројот на земји е околу дваесет“, рече Лавров.

Првиот дипломат нагласи дека тоа се земји кои „навистина играат многу важна улога во нивните региони… Тука спаѓаат Египет, Турција, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Аргентина, Мексико и бројни африкански нации“, рече Лавров. „Самото наведување имиња укажува на неуспех на обидите [западните] да ја изолираат нашата земја“, додаде тој. Според шефот на руската дипломатија, ефектот бил спротивен.

„Сфаќањето на актуелните настани како тектонски геополитички процес ги турка земјите кои се чувствуваат независни и се водени од националните интереси, а не од нечии каприци, да се обединат со оние кои ги гледаат како истомисленици. И тука имаме огромна можност да комуницираме со нашите колеги“, заклучи Лавров.