Турската компанија за одбранбена индустрија HAVELSAN потпиша важни договори за соработка со партнери во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Меѓународниот саем за одбранбена индустрија се одржа во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. На саемот учествуваше и компанијата HAVELSAN каде изложи бројни производи меѓу кои и најмодерни дронови.

Компанијата потпиша меморандум за разбирање со International Golden Group (IGG) кој работи во Обединетите Арапски Емирати, кој предвидува соработка на различни полиња.

Директорот на HAVELSAN, Мехмет Акиф Начар за Анадолија изјави дека на саемот учествувале голем број компании од целиот свет, пишува АА.

Посочи дека ХАВЕЛСАН годинава првпат почна да изложува сопствени производи во соработка со ИГГ, напоменувајќи дека во иднина планираат многу посилна соработка.

– Потпишавме протокол за соработка за нашите многубројни производи, рече Начар, изразувајќи задоволство што ќе соработуваат во рамките на бројни проекти во областа на наменската индустрија.

На саемот во Абу Даби, повеќе од 50 посветени индустриски компании од Турција ги претставија своите производи како што се беспилотни копнени и воздушни возила, оклопни возила, системи за оружје, електронски системи, муниција, симулатори и производи за логистичка поддршка.

На саемот беше претставен и турскиот јуришен дрон Bayraktar Akinci (TIHA) произведен од компанијата Бајкар.