Едно лице загина, а 15 се повредени, од кои едно потешко, како последица на хеликоптерската несреќа, во која во провинцијата Керман се наоѓал и иранскиот министер за млади и спорт, Хамид Секади.

Хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот министер за млади и спорт Хамид Селади и неговиот советник Исмаил Ахмади се урна во градот Бафт во иранската провинција Керман.

Во изјавата на претседателот на Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран, Мохамад Мохамади Бахша, се наведува дека несреќата се случила додека хеликоптерот, кој припаѓа на иранската Црвена полумесечина, се обидувал да слета во спортскиот комплекс Бафт во Кирман.

„Нашиот министер за спорт е полесно повреден. Сите повредени се пренесени во болница. Во несреќата животот го загуби Исмаил Ахмеди, советник на министерот за млади и спорт“, изјави Бахш, пренесува Hurijet.