Албанија заплени танкер со 22.500 тони нафта, за кои постои сомневање дека доаѓа од Русија.
Екипажот е уапсен и поради кршење на ембаргото, соопшти во понеделникот албанската полиција, пренесува Индекс.

Танкерот со нафта и хемикалии бил регистриран во Либерија, а запленет е во Драч, пренесува Ројтерс.

„Тинкерот наводно бил натоварен со нафта од друг танкер во грчкото пристаниште Каламата“, соопшти полицијата.

Тие додаваат и дека за време на операцијата со кодно име Ембарго, го уапсиле секој од 22-та члена на екипажот за понатамошна истрага.

Инаку, Албанија беше една од првите земји што воведе санкции кон Русија, пред една година, кога Москва ги започна нападите врз Украина.