Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека се потпишани првите договори за изградба на згради на места каде што се завршени потребните истражувања, а во врска со најавената изградба на 200.000 нови станови во јужните турски градови кои се погодени од разорни земјотреси.
Ердоган денеска, придружуван од лидерот на Националното народно движење (МХП), Девлет Бахчели, посети неколку градови погодени од земјотреси на југот на Турција, а при посетата на Ислахије рече дека земјата е решена да ги направи своите градови безбедни и мирни населби со ново разбирање.
Тој рече дека дошол во посета за да се увери сам за состојбата на терен и да поразговара со своите граѓани.
– Веќе утре ќе почне изградбата на згради во Нурдаги, Ислахија, Килис и Адијаман Кахти – рече Ердоган.
Ердоган истакна и дека активностите за утврдување на штетите предизвикани од земјотресите се при крај, а надлежните турски институции се на терен и ги задоволуваат потребите на населението погодено од земјотресот.
– Почнувајќи од нула, ќе веруваме во себе, ќе веруваме во себе и сакаме сите во новите згради да живеат во самодоверба. Нашата цел е во голема мера да ја завршиме изградбата на зградите и куќите уништени од земјотресите во рок од една година – рече Ердоган.
Во исто време, лидерот на МХП Бахчели му се заблагодари на Ердоган што ја овозможил посетата на регионите погодени од земјотресите.
Потенцирајќи дека последиците од земјотресот се болни за целиот турски народ, Бахчели рече дека во овие тешки денови Турција се покажа како силна земја со способно раководство кое ја има поддршката од народот.
– Сето тоа ќе го надминеме и ќе преземеме чекори кон натамошен развој на силна и голема Турција – изјави Бахчели.
Анадолија










