И покрај тешката хуманитарна ситуација поради неодамнешниот земјотрес, Израел продолжува да ја тероризира Сирија со воздушни напади.

Најмалку пет лица загинаа, а 15 се ранети во израелските воздушни напади врз главниот град на Сирија, во кои беа сериозно оштетени станбени згради. Нападот погоди густо населена област во близина на плоштадот Омајад.

„Предизвика штета на неколку цивилни куќи и материјална штета во бројни населби во Дамаск и неговата околина“, се вели во соопштението на армијата.

На снимката објавена во државните медиуми се гледа тешко оштетена десеткатница, структурата се урна до долните катови.

„Неделниот напад е најсмртоносниот израелски напад во сириската престолнина“, рече Рами Абдел Рахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права, група со седиште во Велика Британија со широка мрежа на извори во Сирија.

Израел не ги коментираше воздушните напади, кои уследија еден месец откако израелски ракетен напад претходно го погоди меѓународниот аеродром во Дамаск, при што загинаа четири лица, вклучително и двајца војници.