Два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени вечерва ја погодија провинцијата Хатај во Турција.
Репортерката на Си-Ен-Ен, Турк Бусе Девирен, која емитуваше во живо од кампот во кој се сместени преживеаните од земјотресот на 6 февруари што ги погоди Турција и Сирија, се расплака за време на нејзиниот директен пренос по вечерашните земјотреси.

Таа изјави дека за време на земјотресот се превртеле печките во шаторите, а луѓето бегале. Завладеа паника.

„Земјата попушташе под нашите нозе. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно силен земјотрес. Не беше како последователни потреси“, изјави таа.