Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека најмалку три лица загинале, а 213 се повредени во вечерашните земјотреси во Хатај.
Потсетуваме, два земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погодија јужната турска провинција Хатај, а земјотресот беше почувствуван и на северозападот од соседна Сирија.

Епицентрите на земјотресот се регистрирани во окрузите Дефне и Самандаг, а надлежните турски служби ги повикаа граѓаните да се држат настрана од оштетените објекти, да се држат подалеку од плажите поради опасност од покачување на нивото на морето и да ги следат инструкции на службите на терен.

(Vijesti)