Два силни земјотреси вечерва ја погодија јужната турска провинција Хатај, а гувернерот на тој регион Рахми Доган изјави дека надлежните служби се на терен.
„Добивме одредени извештаи по земјотресот и истрагата е во тек“, изјавил гувернерот Доган.
„Беше страшно, нема да останат многу цели згради во Хатај“, е едно од сведоштвата на веб-страницата ЕМСЦ. Корисниците на Твитер објавуваат снимки од моментот кога се случи потресот од 5,8. На едната се гледа уривањето на зграда. Групата за цивилна одбрана „Бели шлемови“ во Сирија соопшти дека неколку лица се повредени во уривање на згради.
BREAKING: Footage show buildings collapsing after new earthquake hits Hatay, Turkey#Deprem #earthquake #BreakingNews #Syria #Turkey pic.twitter.com/PFrtEw62kL
— NEWS ALL TIME (@NEWS_ALL_TIME) February 20, 2023
Според известувачот на АФП од местото на настанот, земјотресот предизвикал паника кај жителите кои веќе претрпеа големи маки во првиот земјотрес и подигнаа големи облаци од прашина во разурнатиот град. Новинарот слушнал како ѕидовите на оштетените згради се уриваат и некои повредени лица повикуваат на помош.
Турскиот новинар на Си-Ен-Ен Бусе Девирен со солзи го опиша земјотресот. „Земјата ни се лизгаше од под нозете. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно силен земјотрес. Не беше како последователни потреси“, изјавила таа.
Two new earthquakes, one 6.4 and one 5.8, hit Hatay in the south of Turkey around 30 minutes ago. pic.twitter.com/uqslECtP2K
— Memet Aksakal (@aksakal_memet) February 20, 2023
„Звучеше како да се уриваат уште згради“
„Тоа беше првиот ден кога решивме да останеме во нашата куќа бидејќи има само еден кат и јас го користев нашиот грејач за да се стоплам“, изјави за Гардијан Ата Кошар од Хатај. „Лежев на подот и додека лежев имаше уште еден земјотрес. Слушнавме што звучеше како уште еднаш да се уриваат згради“, додаде тој.
Муна ал Омар, жителка на Антакија, рече дека била во шатор во паркот кога се случил земјотресот. „Мислев дека земјата ќе пукне под моите нозе“, рече таа плачејќи додека го држеше во раце својот седумгодишен син. „Дали ќе има уште еден последователен потрес? праша таа.
M5.8, Hatay again
— Aleph א (@no_itsmyturn) February 20, 2023
Управата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ги погодил јужните региони на земјата.
Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил во 20 часот и 4 минути по локално време со епицентар во областа Дефне и на длабочина од 16,7 километри.
Само три минути подоцна се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени. Епицентарот на тој земјотрес бил во областа Самандаг, исто така во провинцијата Хатај.
(Vijesti)










