Остатоци од американска подморница од Втората светска војна пронајдени se во близина на брегот на северниот јапонски остров Хокаидо, откако исчезна пред речиси 80 години. Подморницата УСС Албакор, која е заслужна за потонување на најмалку 10 непријателски бродови за време на војната, ја пронашол Тамаки Ура од Универзитетот во Токио. Неговото откритие беше потврдено од Командата за поморска историја и наследство, соопшти американската морнарица.

Албакор долго време се сметаше за трајно изгубенa. Според јапонските податоци, подморницата, со екипаж од 85 лица, најверојатно удрила во мина во близина на брегот на Хокаидо во ноември 1944 година.
„Што е најважно, потонатиот брод го претставува последното почивалиште на морнарите кои ги дадоа своите животи во одбрана на нацијата и треба да биде почитувана од сите страни како гроб“, се вели во соопштението на американската морнарица.
Американските подводни археолози користеле подводни снимки кои им ги дал јапонскиот тим за да потврдат дека остатоците му припаѓаат на Албакоре. Информациите од Јапонскиот центар за азиски историски записи во кои се споменува загубата на американска подморница го одвеле јапонскиот тим до местото на потонатиот брод. Јапонските научници користеле податоци собрани од подводно возило. УСС Албакор е една од најуспешните борбени подморници во Втората светска војна поради бројот на потонати непријателски бродови.









