Разорните земјотреси што ја погодија Турција ги однесоа животите на нововенчаната двојка Елиф и Халил Ибрахим Аксој, јавуваат турските медиуми.

Елиф и Халил се венчаа во неделата во Хатај, а починаа на брачната ноќ во семејната куќа во Искендерун.

Hatay'da Elif ve Halil İbrahim Aksoy çifti, düğün gecesi enkazda öldü -  Bursa haberleri, Bursaspor haberleri, Güncel haberler, Son dakika - Sosyaltv

Братот на невестата, Мурат Билге, за медиумите раскажал како неговата сестра се преселила во Искендерун во 3 часот и 30 минути наутро, откако живеела со својата свекрва. Кобниот земјотрес се случи околу 30 минути подоцна.

„Тие отидоа на вториот кат. Набрзо следеше апокалипсата“, рекол Мурат, присетувајќи се на моментите кога последен пат ги видел младенците.

Сè што остана од Елиф и Халил Ибрахим Аксој се фотографии направени неколку часа пред земјотресот. На нив се гледа како среќен брачен пар влегува во салата и танцува. Набрзо следеше „катастрофата на векот“.

Evlendikleri gün enkaz altında kalarak vefat ettiler

Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 45.000 луѓе.

Извор:Н1