Според Таквимот на Исламската заедница на Македонија, вечерва 17 февруари 2023 година после акшам намаз настапува благословената ноќ Лејлат-л-Мираџ. Исламските извори зборуваат за оваа благословена ноќ како ноќно патување на Мухамед, а. с. од Месџидул-Харам (Мека) до Месџидул-Акса (Кудс-Ерусалим) и понатаму во повисоките области на нематеријалниот свет.
Тоа се случило во 27-мата ноќ во месецот Реџаб во 621 година.
Мухаммед а.с во ова вечер, со одредба на Семоќниот Господар Аллах џ.ш, го поминал патот од Мека до Ерусалим, односно од Месџиду-л-Харам до Месџиду-л-Акса, каде го предводел намазот на сите претходни Пратеници (Исра) . Подоцна на Мухаммед а.с му била укажана и честа на воздигнување во високите небеса, седум-те небеса (Мираџ).
Ова патување на пратеникот Мухаммед а.с како што гледаме споменато е во Кур`анот и воедно тоа е друга муџиза на Пратеникот а.с по важност после Кур`анот. За овој настан истотака Пратеникот зборува и во многу хадиси. Исра , духовно и телесно го означува патувањето на Пратеникот Мухаммед а.с од Месџиду-л-Харам од Мека, до Месџиду-л-Акса во Кудс, далечина која изнесува 40 денови и ноќи пешачење, додека Мираџ-от го означува патувањето од Месџиду-л-Акса до највисокото небо, односно “Сидрету-л-Мунтеха “Sidretu-l-Muntehaa”.
Нека ни е за многу години иоваа ноќ, и ИншАллах наскорода си го дочекаме и мубарек месец Рамазан.










