Познатата статуа која доминира над Рио де Жанеиро, Бразил, блесна со боите на знамињата на Турција и Сирија во знак на чест на жртвите од земјотресот што се случи на 6 февруари.

Многу земји на свој начин им оддадоа почит на жртвите кои ги загубија животите по разорниот земјотрес што го погоди југот на Турција и северот на Сирија.
Покрај знамињата, на статуата во Бразил беше проектирана и пораката „Молете се за Турција и Сирија“.

Статуата на Христос Спасителот се наоѓа во Рио де Жанеиро и е висока дури 30 метри без постамент.
Распонот на раширените раце е речиси ист како висината, 28 метри, додека целиот споменик тежи повеќе од 600 тони.
Изработката на статуата траеше речиси една деценија, а на место високо над градот, таа стана симбол на бразилското христијанство.
Извор:Н1








