Јужна Африка организира поморски воени вежби со Кина и Русија!

by Administrator

Јужноафриканската Република ќе одржи заеднички поморски воени вежби со Кина и Русија во Индискиот Океан од 17 до 27 февруари во околината на Дурбан.

Вежбата наречена Моси („чад“ на свахили), наиде на осуда од западните центри на моќ. Првата вежба од овој тип се одржа во 2019 година во околината на Кејп Таун.

Западните аналитичари тврдат дека со овој гест Јужна Африка сака да покаже дека не припаѓа на антирускиот фронт на држави и наскоро ќе воведе санкции против Русија.

Русија и Кина постепено го зголемуваат своето присуство во Индискиот Океан, Русија се подготвува да ја отвори својата прва поморска база во Африка во Судан.

You may also like