Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије.

Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. Бројни спасувачки екипи сѐ уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја.

Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупани во урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу во оваа област.

По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.