Белоруска хуманитарна помош како и воено медицински тим пристигна во Сирија. Помош по разорниот земјотрес беше доставена со авион на Министерството за одбрана на аеродромот во Латакија во Сирија. Хуманитарната помош опфаќа 25 тони лекови, основни потреби и облека.
Белоруски лекари од единицата за специјални сили заминаа во Сирија за да им помогнат на настраданите од земјотресот. Тимот за итна помош се состои од 45 борбени медицински лица. Тие ќе пружат хуманитарна и медицинска помош за настраданите од разорниот земјотрес. Тимот за помош ќе постави теренска болница со приемни, болнички, хируршки, дијагностички и реанимациски одделенија. Кампот ќе биде распореден во рок од еден ден. Воените лекари се хирурзи, терапевти и анестезиолози
Белорусија редовно обезбедува хуманитарна помош за Сирија. Од 2015 до 2022 година во Сирија шест пати била испратена хуманитарна помош: храна за бебиња, прехранбени производи, лекови, медицинска опрема, детска облека и обувки, како и возила МАЗ. Според Александар Худолеев, од 1999 година, Белорусија 80 пати обезбедила хуманитарна помош за 33 земји.
Министерството за вонредни состојби обезбеди храна, шатори, ќебиња и средства за хигиена од државниот резерват, фирмите на Министерството за здравство испорачаа лекови, медицински ракавици и завои, средства за дезинфекција. Белорускиот концерн за лесна индустрија Bellegprom обезбеди топла облека за возрасни и деца, а Дирекцијата за управување со имотот на претседателот на Белорусија обезбеди вреќи за спиење. Белоруската унија на жени и белорускиот Црвен крст ги собраа основните намирници










