Палестина донираше 20.000 вреќи за спиење за жртвите од земјотресот во Турција, во вредност од 500.000 долари.
„Донацијата е дел од палестинската кампања за помош што ја објави Министерството за вакаф и религиозни прашања“, рече министерот Хатем ал Бакри на прес-конференција во градот Хеброн на Западниот Брег.
Тој додаде дека досега за настраданите од земјотресот се собрани околу 4.800.000 шекели (1,37 милиони долари).
„Околу 500.000 долари од овие донации беа издвоени за купување на 20.000 вреќи за спиење“, додаде министерот, нагласувајќи дека кампањата во Палестина треба да трае до петок.
Палестинскиот министер во недела ќе ја посети Турција за да се сретне со Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и турските власти.
Палестина веќе испрати тим од 73 членови за помош на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, пишува АА.
Во силните земјотреси во Турција загинаа најмалку 31.974 луѓе, а повеќе од 81.000 се повредени, соопшти турската државна агенција за катастрофи АФАД.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во провинцијата Кахраманмарас на 6 февруари, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Во соседна Сирија, бројот на загинати се искачи на 3.688, а повеќе од 5.200 луѓе се повредени.








