Осумнаесетгодишниот Мухамед Џафер Четин е извлечен од под урнатините во Адијаман.

Тој бил спасен откако бил под урнатините 198 часа. Спасувачките екипи на терен продолжуваат со операциите за пребарување и спасување.

По спасувањето, Четин бил пренесен во блиската болница.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во провинцијата Кахраманмарас на 6 февруари, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.