Метеороид со големина од еден метар ја погоди атмосферата на Земјата над северна Франција! На социјалните мрежи кружи видео од овој природен феномен и привлече големо внимание во јавноста.

Ударот се случи вечерва околу 04:00 часот по наше време.

Мал астероид или метеороид 2023 CKS1, порано познат како Sar2667, се распадна над Ла Манш во близина на Нормандија.
Тоа беше откриено, само седум часа пред ударот, од унгарскиот астроном Кристијан Шарнецки, во опсерваторијата во планините Матра, во Унгарија. Метеороидот првпат бил виден кога бил оддалечен околу 233.000 километри од Земјата.

„Еве што прави метеор од само еден метар на небото? Леле, неверојатно!“ гласеше еден од коментарите на воодушевените корисници.

„Што не е во ред со небото?“, праша еден корисник.

Да потсетиме, на 15 февруари 2013 година, астероид со дијаметар од околу 20 метри влезе во атмосферата на Земјата.

Се движел со брзина од 19 километри во секунда кога експлодирал, на само околу 30 километри над градот Челјабинск во Русија.

Експлозијата имала 20 до 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Овој регион се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Москва.