Спасувачките тимови во јужните делови на Турција спасија жена од урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, дури 176 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди регионот.

Откако дознале дека под урнатините има преживеан, спасувачите започнале спасувачка акција, а потоа успеале да ја извлечат жената Серап Донмез.

Како што јави репортерот на Анадолија, членовите на спасувачката екипа по успешното спасување не ги криеле солзите, а жената била хоспитализирана.