Централната банка на Народна Република Кина потпиша Меморандум за разбирање со Централната банка на Бразил, во кој е договорено отсега овие две земји сите трговски трансакции да ги вршат во кинеската валута јуан. Ова ќе поттикне понатамошен развој на билатералните односи меѓу овие земји, трговската размена и инвестициите, но и посилно присуство на јуанот на светскиот пазар.
Кина успеа да се отцепи од доларот и да го наметне јуанот во трговијата со 29 земји, а моментално е петта најактивна валута во светот.
Уште една победа на јуанот дојде со одлуката на руското Министерство за надворешни работи да го отфрли еврото од државните резерви и да остави само злато, рубли и кинеска валута.









