Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, како и целиот свет, страда поради трагедијата што го погоди турскиот и сирискиот народ по разорните земјотреси што ги погодија тие земји.

Во видеото се појавува и турскиот фудбалер Јусуф Емре Ѓултекин, кој игра за Самсунспор во Турција, преку чиј профил на социјалните мрежи е објавено ова видео.

„Здраво на сите, тука сум со мојот пријател Јусуф во Белград и би сакал да ги испратам моите најдобри желби и поздрави до луѓето во Турција кои минуваат низ многу тешки времиња.

Видов фотографии, видов снимки од последиците од разорниот земјотрес за сите семејства и луѓе. Моето срце е со сите и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе закрепнат заедно многу брзо. Најдобри желби и останете силни“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Според последните информации, повеќе од 33.000 луѓе загинале, а уште повеќе се под урнатините на градовите и населбите кои беа најтешко погодени од земјотресите што се случија во понеделникот.