Нов силен земјотрес денеска околу 16 часот и 30 минути го погоди источниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
За земјотресот кој беше соопштено бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а се уште нема информации за потенцијална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на 58 километри од Малатја, на длабочина од 3 километри.
Да потсетиме, претходно денеска земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во источна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што се наведе, земјотресот се случил на два километри североисточно од градот Челихан во провинцијата Адијаман.
Да потсетиме, во понеделникот Турција ја погодија разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,9 степени според Рихтеровата скала, а животот го загубија повеќе од 33.000 луѓе. Спасувачите се уште деноноќно трагаат по преживеани под урнатините.










