Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пристигна во посета на Турција, при што ќе ги посети јужните региони погодени од земјотресот.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Шефот на грчката дипломатија утрово пристигна во Аданa, еден од десетте турски региони погодени од земјотресите.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го пречека својот грчки колега Дендидас на аеродромот, а потоа одржаа средба без присуство на претставници на медиумите.










