Министерството за климатски промени и животна средина на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека прехранбените производи што се продаваат во земјата се без инсекти и се предмет на ригорозни научни тестирања.

Ажурирањето доаѓа откако ЕУ усвои нови регулативи со кои се овластува потрошувачката на одредени инсекти во синџирот на исхрана.

Минатата недела, Министерството за јавно здравје на Катар објави дека во земјата е забрането јадењето инсекти како храна.

Во објава на социјалните мрежи, Министерството за климатски промени и животна средина на Обединетите Арапски Емирати потврди дека сите прехранбени производи што се продаваат на пазарите во земјата мора да бидат во согласност со здравствените прописи и прифатените спецификации, гарантирајќи дека сите прехранбени производи ги исполнуваат стандардите на исламскиот шеријат Халал.

„Согласно Техничката регулатива бр. 2055-1 за „Халал храна – Прв дел: Општи барања за халал храна“, сите инсекти и црви се сметаат за нехалал храна, освен  случајни делови од пчелите што може да се најдат во медот.

Секој прехранбен производ што содржи инсекти или нивни деривати мора да биде придружен со сертификат „Халал“ заснован на фeтви издадени од надлежните органи во земјата“.

Министерството исто така соопшти дека локалните регулаторни тела се усогласени со техничките прописи и стандардните спецификации, особено во однос на безбедноста и здравјето на храната, преку лабораториски тестови извршени во акредитирани истражувачки институции кои можат да го утврдат потеклото на протеините.

И така, арапскиот свет нема да има привилегија како ние во Европската унија да проба грицки од инсекти како делумно обезмастени штурци и црви…

Извор:arabianbusiness.com