Во Турција постојано доаѓа помош од многу земји по разорните земјотреси опишани како „катастрофа на векот“.

Делегација на Ерменија со пет камиони со хуманитарна помош утринава пристигна на граничниот премин Аличан каде ги пречека директорот на Канцеларијата за катастрофи и вонредни состојби во Игдир Бурхан Кол и воена делегација.

По официјалните процедури, ерменската делегација го продолжи патувањето кон регионите погодени од земјотресите.

Граничниот премин Аличан последен пат беше користен во 1988 година кога Ерменија беше погодена од земјотрес. Тогаш Црвената полумесечина на Турција преку овој граничен премин испорача помош до областите на катастрофата во Ерменија.
Извор:Боснаинфо










