Новинарот Ибрахим Хаскоглу на Твитер објави видео на кое се гледа како граѓаните на Истанбул се организирале за да им помогнат на своите сонародници кои настрадале на југот на Турција.

Она што може да се види на видеото е долга низа граѓани на овој милионски град „од рака на рака“ кои префрлаат пакети и работи во камиони кои не можат да се приближат до секоја улица во градот.

А ова од серијата видеа најдобро покажува колку обединети се граѓаните на Турција во помагањето на своите сонародници во подрачјата погодени од земјотресот.

Бројот на загинати во земјотресите во Турција се зголеми на 16.170.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција рано наутро во понеделникот. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас.

Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот. После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.

Најмалку 3.162 лица загинаа, а повеќе од 5.235 луѓе се повредени во Сирија по серијата силни земјотреси со центар во јужна Турција во понеделникот го потресоа поширокиот регион, покажаа податоците собрани во четвртокот.