Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција и Сирија, според новите официјални податоци за бројот на жртвите.
Турската хуманитарна организација Афад вечерва соопшти дека од урнатините во Турција се извлечени 17.134 тела, а во Сирија 3.162, со што бројот на загинати се искачи на 20.296.
Турција во понеделникот беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Подоцна следеа земјотреси со помала јачина.
(Vijesti.ba)









