Кинеското Министерство за надворешни работи го повика Вашингтон да ги остави настрана геополитичките опсесии и веднаш да ги укине санкциите за Сирија, со што се отвора вратата за проток на хуманитарна помош во земјата.

Од Пекинг велат дека е неопходно брзо да се реагира за да се ублажат последиците од разорниот земјотрес во земја во која хуманитарната ситуација рапидно се влошува.

„Американската војска продолжува да ги окупира областите за производство на нафта во Сирија, американската војска заплени 80% од сириската нафта и шверцувала или уништила сириски резерви на жито. Сето ова ја влоши хуманитарната ситуација во Сирија“, соопшти Министерството.

„САД се вклучени во сириската криза долго време, честите воени напади и силните економски санкции предизвикаа многу цивилни жртви и го лишија сирискиот народ од правото на постоење“, заклучија кинеските власти.

Извор:принцип