Сирија го активира механизмот за цивилна заштита на Европската унија (ЕУ) два дена по силниот земјотрес во Сирија и Турција, во кој загинаа повеќе од 11.000 луѓе.
„Во текот на денот, утрово, добивме барање од Владата на Сирија за помош преку механизмот за цивилна заштита“, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчиќ.
Ленарчиќ додаде дека земјите-членки на Европската унија се охрабруваат да придонесат за помош по потреба, пренесува Ројтерс.
Најмалку 11.104 лица загинаа, а повеќе од 53.778 беа повредени во разорните земјотреси што пред два дена го погодија јужниот дел на Турција, на границата со Сирија.
Во Турција, според последните податоци, загинале најмалку 8.574 лица, а повеќе од 49.133 се повредени. Во Сирија загинаа 2.530 лица, а 4.645 се повредени. Голем број згради се уништени или оштетени, а спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани.
(Vijesti.ba)








