Драматични сцени на породување под урнатините на домот кој се урна врз трудница поради земјотрес во Сирија се само еден од низата случаи со кои спасувачите моментално се среќаваат на терен. Настанот се случил во сирискиот Џендерс, во североисточниот регион што беше разурнат од вчерашниот земјотрес од 7,8 степени.

Додека девојчето преживеало, нејзината мајка трагично починала по породувањето.

На видеото се гледа моментот кога еден од многуте спасувачи излезе од разурнатата зграда, носејќи новороденче во раце над уништениот лим, скршен бетон и жици.

Друг маж го брка со правливо зелено ќебе кое потоа му го фрла на спасителот на бебето за да го завитка.

Масата народ беше сведок на чудото и трагедијата што се одвиваше пред нивни очи. Според локалните медиуми, остатокот од семејството на бебето загинал во земјотресот.