Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата во силниот земјотрес на југот на земјата, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Се проценува дека се уништени околу 6.000 згради, објави USA Today.

Засега е познато дека повеќе од 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија, кога земјотресот од 7,8 степени ги погоди југоисточниот дел на Турција и северозападниот дел на Сирија.

Околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија беа погодени од земјотресот, од тој број, 13,5 милиони се од Турција, изјави турскиот министер за развој, урбанизам и климатски промени, Мурат Курум, пренесе „Еј-би-си“.

Извор:Nezavisne