Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони изјави дека движењето на тектонските плочи го предизвикало земјотресот во Турција и ја поместил територијата на таа земја за три метри.

„Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на анадолската плоча“, рече Долјони, додавајќи дека има поместување од три метри во должина од околу 160 километри, пренесе „Дејли мејл“. .

Поголемиот дел од Турција лежи на плочата на Анадолија, но југоисточната плоча преминува преку арапската плоча, во близина на Сирија.