Сосема веројатно, убедливо најшокантната фотографија по страшните земјотреси во Турција е направена во градот Кахранманмараш. Скршениот татко Месут Ханчер ја пронајде мртва својата 15-годишна ќерка Ирмак во урнатините, барајќи преживеани како дел од спасувачката екипа, пишува Слободна Далмација.
Расплаканиот татко не можел да се одвои од телото на својот миленик притиснат на купишта железо и бетон, долго време седел на местото на трагедијата и го држел мртвото дете за рака. Фоторепортерот на АФП ја снимил сцената пред која би се скршило и најтешкото срце.

Ова е само една од низата трагедии на кои сведочат милиони луѓе во двете земји погодени од земјотресот. Турски новинар од Истанбул за Би-Би-Си раскажува за драмата од минута во минута што ја доживуваат редакциите во земјата погодена од земјотресот: тие се преплавени со повици и пораки од живи луѓе затрупани под урнатините и не можат да им помогнат. Беспомошноста ги раскинува, чувството на парализа е тешко да се опише.

„Луѓето се уште се живи под многуте урнати згради и повокуваат спасувачи“, вели Ибрахим Хаскоглу, роден во Малатија, област тешко погодена од земјотресот. видеа, гласовни и пишани пораки, како и локациите каде што се наоѓаат под урнатините.









