Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп изјави дека доколку наградата за мир биде доделена во 2022 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тоа го заслужува.
Шентоп беше гостин на денешната редакција на Анадолија во Анкара, каде одговараше на прашања на новинари и уредници за актуелните настани.
– 11 земји побараа претседателот на Турција Ердоган да биде номиниран за Нобеловата награда за мир во 2022 година. Ако наградата за мир биде доделена во 2022 година, Реџеп Таип Ердоган тоа го заслужува, рече Шентоп.
Тој ги коментираше безбедносните предупредувања на некои земји во врска со Турција, пишува АА.
– Јасно гледаме дека се движиме кон исцрпување и дискредитирање на Турција, рече Шентоп и додаде: „Европа сериозно се приклонува кон непријателство кон Турците, исламот и муслиманите, исто така гледаме дека државите создаваат основа за такви пристапи“.
Шентоп зборуваше и за работата на парламентот по преминот на Турција кон претседателски систем, посочувајќи дека парламентот во овој период работел многу понапорно и поефикасно.










