Во претходните неколку сезони Кансело беше еден од најдобрите играчи во овој тим, па ваквиот развој на настаните е големо изненадување.

По враќањето од Мундијалот, Кансело го загуби местото во стартниот состав, а на негово место дојде 18-годишниот Рико Луис.

Никому не му беше јасно зошто овој одличен фудбалер практично преку ноќ го загуби местото во стартниот тим, но причините очигледно се многу длабоки.

Така се појавија информации дека Кансело кариерата ќе ја продолжи во Баерн, но сите до сега тоа го земаа со резерва.

Имено, Жоао Кансело е снимен на аеродромот во Минхен, а тој е на пат кон просториите каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор како нов играч на Баерн.

Сѐ завршува вечерва

Дополнително, познати се деталите од договорот помеѓу Баерн и Манчестер Сити, а јасно ми е дека Кансело речиси сигурно нема да се врати во Англија.

Имено, Кансело до крајот на сезоната ќе биде позајмен играч на Баерн, но постои опција да го откупи неговиот договор по цена од 70 милиони евра.

Токму Кансело конечно побара од Гвардиола да си замине од тимот, па ги спакува куферите и се упати кон Минхен, каде вечерва  потпиша договор со Баерн.