Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и се потребни ракети со долг дострел за поефективна борба против руската армија.
– Руските сили рано во саботата извршија ракетни напади врз Костјантиновка во областа Доњецк, напиша Зеленски во пораката на Телеграм, пренесува Анадолија.

Во нападот загинале тројца цивили, а 14 се ранети, изјави украинскиот претседател.

Тој посочи дека цел на нападот биле станбени зони.

Зеленски изјави дека руските сили го извршиле нападот со ракети С-300.

Тој истакна дека на Украина и треба повеќе оружје за да спречи слични офанзиви и да го ограничи капацитетот на руската војска за нови напади.

(Vijesti.ba)