Министерството за надворешни работи на Русија му нареди на амбасадорот на Латвија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Латвија претходно одлучила да го спушти нивото на дипломатските односи со Русија.
Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја донела од солидарност со другите балтички земји и дека таа причина не е прифатена од Русија, Москва денеска соопшти дека оваа солидарност значи преземање непријателски чекори кон Русија, во режија на Соединетите Американски Држави (САД).
Во соопштението се нагласува и дека целата одговорност за актуелната ситуација и припаѓа на летонската влада.
„Латвискиот амбасадор во Москва, Марис Риекстинс е побаран да ја напушти Русија во рок од две недели. Провокативните потези на латвиските власти за намалување на нивото на дипломатските односи ќе имаат последици“, велат од Москва.
(Vijesti.ba / АА)









