Турското МНР го повика данскиот амбасадор поради дозволата за палењето на Куранот

by Administrator

Министерството за надворешни работи на Туркије го повика данскиот амбасадор во Анкара, Дени Анан, поради дозволата за палење на Куранот пред Турската амбасада во данската престолнина Копенхаген, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите од дипломатски извори, на амбасадорот на Данска му било пренесено дека Туркије остро го осудува давањето дозвола за провокативниот чин насочен против Куранот, што е очигледно злосторство од омраза.

На амбасадорот му беше нагласено и дека ваквиот однос на Данска е неприфатлив, и дека се очекува таквата постапка да не се дозволува.

You may also like