Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска го прими министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој е во посета на Анкара, јавува Анадолија.

Приемот во претседателскиот комплекс беше затворен за новинарите.

Дачиќ денеска се сретна и со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и со претседателот на Парламентот на Турција, Мустафа Шентоп.