Киевскиот режим наскоро ќе го изгуби пристапот до морето, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја најавата дека Украина побарала подморница од Германија.

„Сега некој идиот изјави дека им требаат авиони и…подморници. Во ред, авионите се некако самообјаснувачки. Точно, практично нема нормални писти, а ние го затворивме украинското небо. И сега подморниците се сериозна работа. Особено ако се земе предвид дека режимот во Киев наскоро воопшто нема да има море. Потоа ќе треба да седнат во чамец среде Днепар, учејќи да ја свират бесмртната (песна на Битлси) „Жолта подморница“ со музичките чувари. Иако подморницата ќе биде, очигледно, жолто-сина“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Претходно „Шпигел“ објави дека заменик министерот за надворешни работи на Украина Андреј Мелник бара од Германија да испорача ловци, борбени бродови и подморници на Украина.
Претходно денеска во Берлин беше објавено дека Германија одлучила да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека одлуката е донесена по интензивните преговори на Германија со нејзините најблиски европски и меѓународни партнери.

Изјавите на украинскиот претседател дека нема со кого да преговара, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија ги нарече халуцинации кои имаат за цел да ги молат западните земји за поголема воена и финансиска поддршка.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, е убеден дека Украина и нејзиното сегашно раководство се целосно зависни од Западот. Според него, „без нив, ниту Украина, ниту Зеленски и неговата банда нема да преживеат еден ден“.

Медведев смета дека зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не е заинтересиран за средба и преговори со рускиот претседател Владимир Путин имаат единствена цел – да добие поголема помош од Западот.